Search

(Видео) Тигар во Кина во полн налет разби стакло на возило

Сибирски тигар во село во североисточна Кина повредил еден селанец и во полн трк скршил стакло на прозорец од автомобил, објави кинескиот весник „Пиполс дејли“.

Локалните власти ги предупредија жителите на селото Хејилонгјанг да останат во своите домови. Властите планираат да го отстранат тигарот од областа со стрела со средство за успивање, објави весникот.

На „Твитер“ беше објавено и видео од тигарот кој трча кон возилото. На снимката може да се види и стаклото од автомобилот, распарчено по застрашувашкиот скок на големата мачка.

Треба да знаете
Последни објави