Search

(Видео) Стоилковски: На што се подготвени Заев и Десковска за да избегнат комисија која ќе го испитува работењето на СЈО

рите принципи предложени од ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да ја вратат правдата и правната држава во Република Македонија. Почитувањето на меѓународното право, почитувањето на основните човекови права и принципот за независно и професионално јавно обвинителство, треба да ја вратат довербата на граѓаните во системот и да бидат сигурни дека органите на прогонот нема да бидат продолжена рака на извршната власт, туку пред се ќе ги штитат интересите на државата и на граѓаните, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Јавноста мора да знае кој од трите принципи власта е подготвена да жртвува? Кои од бараните принципи врз кои треба да се изгради новиот закон за јавно обвинителство, Зоран Заев и Рената Треневска Десковска сакаат да отстапат? Дали е тоа принципот за следење на меѓународното право и имплементација на меѓународните препораки, дали е помалку важен за Заев и Треневска Десковска принципот на почитување на основните човекови права кои ќе доведат до Јавно обвинителство кое ќе ги следи меѓународниот суд за човекови права, или Заев и Треневска Десковска сакаат да тргуваат со принципот за независно непартиско отчетно и транспарентно јавно обвинителство кое што ќе ги штити интересите на граѓаните наместо интересите на власта?

Што се’ се волни да прескокнат од меѓународните препораки во законскиот текст, за Зоран Заев и Рената Треневска Десковска да избегаат од комисија која ќе го испитува работењето на овој тим на СЈО? Што се’ треба да биде жртва на желбата на Заев и Треневска Десковска за да го избегнат Јавно обвинителство кое што нема да работи под стеги и прислушувања? Заев и Треневска Десковска посакуваат Јавно обвинителство кое што со месеци ќе молчи за трговијата со правото и правдата, за поткуп во изборни цели, посакуваат обвинителство кое ќе им служи за политички прогон и заштита на криминал на власта.

Залудни се обидите за притисок врз опозицијата и таа да се претстави како кочничар на наводни реформи. Ваков законски текст каков што е доставен е антиреформа, со оглед на тоа што не содржи огромна низа на релевантни препораки кои што ќе доведат до право и правда, до правна држава, до Јавно обвинителство во име на граѓаните, до Јавно обвинителство кое нема да се плаши да ги истражи криминалите на власта, а тоа се и основните принципи за постоење на Јавно обвинителство. Барањето амандмани во оваа фаза, е токму тоа, обид за трговија со основните принципи. Демократијата точно определува кога и каде се поднесуваат амандмани, тоа се прави во Собранието, во собраниска процедура, а не во министерствата во владата.

Почитувани, европската иднина не зависи од брзината на носење на закони, туку од нивниот квалитет и практикување. Доколку не се почитуваат основните принципи, Македонија повторно ќе има нефункционално јавно обвинителски систем. Консензус не значи земи или остави во 5 минути, не значи поддршка на неквалитетни решенија“ порача Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави