Search

ВИДЕО: Силни турбуленции во авион при лет Приштина-Базел, повредени десетмина

Околу десет лица претрпеле повреди во авион од типот „Боинг” од АКЛ Ерлејнс, кој патувал од Приштина кон Базел, поради силни турбуленции, кои траеле од 20 до 25 минути пред слетувањето.

Инцидентот го потврдила за новинската агенција „20 минутен” портпаролката на аеродромот во Базел Вивиен Гаскел.

Според неа, авионот во кој се наоѓале 121 патник, слетал во 20.07 часот и 10 лица веднаш биле однесени во градската болница во Базел.

Читател за агенцијата „20 минутен” изјавил дека членови од неговото семејство кои биле во авионот му кажале дека од силните турбуленции и столиците излегле од место, а некои луѓе претрпеле сериозни повреди.

Извор: Слободен печат 

Треба да знаете
Последни објави