Search

(Видео) Се сечат дрвјата кај „Инекс-Горица“ во Охрид

Се сечат дрвјата кај хотелот „Инекс-Горица“, во Охрид, а акцијата ги вознемири охриѓани.

Откако активностите околу хотелот наидоа на низа реакции од охриѓани, од хотелот велат дека акцијата е спроведена бидејќи дрвјата претставувале опасност за минувачите и за гостите на хотелот.

Како што е наведено во решението од градоначалникот на Град Охрид, „Инекс Горица“ се задолжува да пресече четири кедари и три бора, но како компензација треба да засади соодветни дрва.

Треба да знаете
Последни објави