Search

(Видео) Полицијата во Белград претепа легнат демонстрант на улица

Улиците во Белград изминативе две утра сведочат за немирите откако незадоволните граѓани кои излегоа на протест по најавата за воведување на полициски час во битката со пандемијата од коронавирусот од страна на претседателот Александар Вучиќ, се судрија со полицијата. Искршени стакла, запалени контејнери, па и возила, камења,  остатоци од испукани чадни бомби, солзавец… се сликите кои го обиколија регионот и пошироко. Немири и судири но во помали размери меѓу демонстрантите и полицијата имаше и во Нови Сад и Ниш.

Молбите на претседателот Вучиќ кој два дена по ред и се обраќаше на нацијата и бараше да не излегува на улиците, не беа послушани. Првиот ден демонстрантите влегоа и во собраниската зграда. Упадот во Собранието претседателот Вучиќ го оквалификува како обид за дестабилизација на Србија од внатре, но и од надвор. Синоќа бројните ангажирани полициски сили не им дозволија  на демонстрантите да се доближат до законодавниот дом. Беа потиснати низ околните улици каде се „пресметуваа“ со органите за обезбедување на редот. Од оваа пресметка епилогот е 17 повредени полицајци и 17 демонстранти.

Снимки кои по социјалните мрежи може да ги види пошироката јавност зборуваат за полициска бруталност. Полициските службеници кога трнаа во офанзива во налетот соборија на асфалтот еден демонстрант кој неуспеаа да побегне навреме и буквало го претепаа.

Демонстрантот кој лежи немоќно на асфалтот го тепаа тројца полицајци, а потоа кој  како ќе стигнеше го удираше со пендреците и клоци. Бидејќи лежеше на сред улица, па неможеа да поминат полициските возила тројца полицајци излегоа и го одвлекоа демонстрантот на страна оставајќи го да лежи на тротоарот.

Оваа бруталност ја вознемири српската јавност која полицијата ја нарече режимска.

 

https://youtu.be/16mWKzfNAak

Треба да знаете
Последни објави