Search

(Видео) Пендаровски: Веднаш на почетокот од мандатот ќе ги потпишам законите што Иванов намерно ги кочи

Ѓорге Иванов свесно ги кочи процесите кои се од витален интерес за граѓаните. Иванов, неосновано одбива да потпише укази за десеттина закони и со тоа нанесува директна штета на стотици илјади граѓани во нашата земја, рече во изјава за медиуми кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Ако зборуваме за судството, Иванов е главниот кочничар и најголемиот виновник за неспроведување на реформите во судството во земјава. Тој не го потпишува Законот за судовите и Законот за управни спорови и со тоа не дозволува да се утврдат јасни и прецизни постапки за разрешување на судии, дисциплинска одговорност, како и именување и унапредување на судии“, истакна Пендаровски и додаде дека бидејќи Иванов не го потпишува Законот за прекршоци, граѓаните сѐ уште плаќаат повисоки казни.

Според него, новиот Закон за прекршоци директно влијае на буџетот на граѓаните бидејќи истиот предвидува опомена пред казна, но и намалување на казните за високи 75%.

„И економскиот напредок на земјата е блокиран од Иванов, затоа што не го ратификува Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Новиот закон значително би ги олеснил процедурите, но и би го зголемил бројот на компаниите кои можат да аплицираат и добијат државна поддршка за развој на бизнисот. Новиот Закон за енергетика кој Иванов исто така одбива да го потпише, предвидува замена на фосилни горива со енергија добиена од обновливи извори. Со тоа, Иванов ги занемарува едни од најгорливите прашања во нашето општество, заштита на животна средина и здравјето на луѓето“, порача кандидатот за претседател.

Тој посочи и дека врховниот командант на вооружените сили на нашата земја одбива да го потпише и Законот за измена и дополна на Законот за служба во армијата.

„Новиот Закон овзоможува, јавната администрација директно и без оглас да превземе лица кои до својата 45 година и служеле на армијата, а поседуваат потребни квалификации за одредено работно место“, рече Пендаровски кој во продолжение наброја низа закони кои, како што кажа, Иванов ги блокира.

Претседателкиот кандидат порача дека гласот за неговиот опонент Силјановска е глас за новиот Иванов и обраќајќи се до граѓаните кажа дека доколку ја добие нивната доверба, на првиот ден од претседтелскиот мандат ќе ги потпише сите наведени закони.

Треба да знаете
Последни објави