Search

(ВИДЕО) Наумовски од Кучково ја демантираше жената која денес ги критикуваше со премиерот

Откако жителка на Волково денеска ги критикуваше премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, додека шетаа низ населбата, дека ништо не направиле во Горно мало и дека газат по кал, градоначалникот ја демантира.

Тој, по посетата на Волково со перемиерот, ја посети улицата на која живее жената и презентира што сработиле. Порталот “Фокус” објави негово видео во кое што тој возвраќа на критиките.

„Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“, рече жителката.

 

Треба да знаете
Последни објави