Search

(Видео) Мигрант осомничен за кражба во Белград се обидел да украде пиштол од полицаец

На социјалните мрежи кружи снимка од инцидент во Белград, на која се гледа како полицајци се обидуваат да разговараат со мигрант, осомничен за кражба, кога тој во еден момент се обидува да му го одземе пиштолот на еден од полицајците.

Инцидентот се случил во продавница на улицата Крал Милан каде мигрантот се обидел да украде сирење. Патролата пристигнала за кратко време, но мигрантот ги оттурнал полицајците, обидувајќи се да дојде до пиштолот.

На крај, сепак полицијата го уапсила.

Треба да знаете
Последни објави