Search

(Видео) Колона од 20 километри, илјадници Албанци три дена заглавија на грчката граница

Колона со 4.000 возила долга повеќе од 20 километри се формирала на граничниот премин Каквија, на југот на Албанија, откако на почетокот на неделата беа најавени новите грчки мерки.

Од 16 август во Грција од Албанија ќе можат да влезат најмногу 750 луѓе на ден. Тие ќе мора да имаат негативен тест за ковид-29 не постар од 72 часа и покрај тоа да минат седум дена во изолација.

Грција ги воведе овие правила откако забележа остар раст на бројот на заразените.

„Некои луѓе веќе три дена чекаат на границата“, кажа за Франс прес албански полициски функционер, додавајќи дека „грчките медицински тимови работат со намален број луѓе“ ии дека граничниот премин е затворен во текот на ноќта.

Според правилото кое е на сила до 16 август Албанците кои влегуваат во Грција се тестираат на границата, но при влегувањето во земјата мора да ги остават своите податоци за да може да бидат контактирани доколку се позитивни на вирусот.

https://www.facebook.com/policiashtetitshqiptar/videos/1045057149283394/?t=106

Треба да знаете
Последни објави