Search

(Видео) Канје Вест ја фрли Греми наградата во веце-школка и уринираше врз неа

Канје Вест деновиве објавува на „Твитер“ дека музичката индустрија е ново робовладетелство и дека нема да објавува нова музика сè додека не му истечат експлоатирачките договори со музичките куќи.

Вест дури ги објави сите страници од неговиот договор во целост на оваа социјална мрежа и ги повика и другите музичари да го сторат истото.

Вест тогаш напиша:

„Компанијата не сака да каже колку вредат ’господарите’, бидејќи тие знаат дека можам да ги купам сите“.

Откако сподели 10 страници од неговиот договор, Канје објави и видео во кое уринира на една од неговите 21 Греми награда.

https://twitter.com/kanyewest/status/1306280073209589760

Во друг твит, Канје го откри личниот телефонски број на уредникот на списанието „Форбс“, Рандал Лејн.

„Ако сакате да повикате бел супрематист, јавете му се на Рандал“, рече Канје, оставајќи им го телефонскиот број на уредникот на милиони следбеници.

„Твитер“ има строга политика против објавување на лични податоци, адреси и телефонски броеви на други луѓе на платформата, и тие ја блокираа сметката на раперот на 12 часа.

Треба да знаете
Последни објави