Search

(Видео) Италијанец објасни што го научила тешката битка со коронавирусот за животот

Во Италија речиси 7.500 луѓе починаа од коронавирусот, но закрепнаа 9.362 лица.

Еден од нив е Фаусто Русо, 38-годишник, кој бил на интензивна нега во малиот град Латина, во близина на Рим.

Тој ја добил битката се вирусот и успешно заздравел.

Преку видео Русо го опиша своето искуство:

„Коронавирусот ми помогна да ги ценам малите работи во животот што не ги ценев доволно. Да се живее, дише, шета, прегрне некого, да се напиете чаша вино, ова се работи што одеднаш ви се чинат многу важни бидејќи ви се одземени. Слобода. Кога си внатре, не знаеш ни што се случува надвор од твојата соба, лекарите те прегледуваат, но имаш минимален контакт со другите. Многу е осамено, семејството и пријателите не може да ти се приближат, а клучот е да бидете трпеливи. Ова искуство ми го смени животот“, рече Русо.

Неговото целосно сведоштво за борбата против вирусот можете да го видите во видеото подолу:

Треба да знаете
Последни објави