Search

(Видео) Заврши Канскиот филмски фестивал, „Златна палма“ за јужнокорејскиот Parasite

Главната награда „Златна палма“ на овогодишниот Кански филмски фестивал е доделена на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо за црната комедија Parasite.

Наградата за најдобра режија им е доделена на браќата Дарден за филмот The Young Ahmed, а филмот Portrait Of The Lady On Fire доби награда за најдобро сценарио.

Наградата „Гран при” му припадна на филмот Atlantique на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп. Антонио Бандерас за улогата во филмот на Педро Алмодовар, Pain & Glory, ја доби наградата за најдобар актер, додека за најдобра актерка е прогласена Емили Бичем за улогата во Little Joe.

Треба да знаете
Последни објави