Search

(Видео) Жерард Батлер спортува во исчекување на премиерата на својот нов филм

Повеќето руски медиуми изразија изненадување од одлуката на Србија за купување на кинескиот ракетен систем за противвоздушна одбрана ФК-3, а во придружните коментари, постои и разочарување што не е нарачано руското оружје С-300.

Како што се наведува во неколку текстови, руските автори ги информираат читателите дека Србија се определила за ФК-3 „наместо рускиот С-300″, поставувајќи го сето тоа како да е веќе договорена зделка, а не како последица на интензивното пишување на некои српски медиуми, анализира порталот Балканска безбедносна мрежа.

– На неколку места постои став за изневерени очекувања и оценки дека Србија се поставила како поделена личност, затоа што во исто време негува пријателство со Русија, се стреми да се придружи на Западот, а купува оружје од Кина, наведува порталот Балканска безбедносна мрежа.

Веб-страниците како „Лента.ру” и „АЕКС.ру” наведуваат дека Србија „и покрај желбата на мнозинство од населението” наместо С-300 го купила кинескиот ракетен систем, иако според неименувани и неофицијални воено-дипломатски извори од Москва, имало преговори за набавка на системот С-300 ПМУ-2 следната година.

Руската „Газета.ру” потсетува дека Србија по набавка на артилерискиот ракетен систем „Панцир С-1Е” во медиумите изразувала интерес за набавка на С-400, а порталот известува и за детали во кои српскиот претседател Александар Вучиќ на прашањето дали ќе дојде до набавката, кажал дека „нема пари за такво нешто” и дека Србија ќе „штеди”.

Весникот го цитира и директорот на Центарот за стратегиска анализа, Руслан Пухов, кој верува дека Србија добила многу поволни финансиски услови од Кина за набавка на ФК-3, веројатно во форма на безкаматен кредит, затоа што на Кина и е важно воената опрема да ја пласира на пазарот на „реномирани земји” од европскиот континент.

Гласот на Америка на руски јазик со неутрален тон известува за аквизицијата и потсетува дека таа претставува продолжение на воената соработка со Кина започната за време на набавката на беспилотните летала CH-92, иако Србија традиционално се потпирала на Русија, набавувајќи од таа земја авиони, тенкови и оклопни транспортери.

Руската новинска агенција „Спутник”, во текстот на српски јазик, инсистира на тоа дека кинескиот ФК-3 има „потекло” од рускиот С-300, кој таа земја го купила во 90-тите години и ги цитира претставниците на српската експертска јавност, дека купувањето оружје секогаш е и политичкото прашање, поради што Србија мора да балансира и да избегне американски санкции.

Треба да знаете
Последни објави