Search

(Видео) Елена Ристеска во друштво на турските и регионалните ѕвезди на „Best of Rumeli“ во Турција: Македонската пејачка доби и награда: „Ви благодарам од срце“

Македонската пејачка Елена Ристеска пред повеќе од 2 години ја стави на пауза својата музичка кариера и се посвети на својот нов бизнис  – „Еra cosmetics“.

Имено, таа го лансираше својот машки и женски парфем, a од неодамна и гелови за туширање.

Пејачката се пофали дека се враќа на својата стара љубов односно музиката, но не откри дали подготвува нешто ново и дали ќе издаде нова песна.

Меѓутоа, пејачката на (25.10.2021) присуствуваше на манифестацијата  „Best of Rumeli“  во организација на Сојузот на румелските балкански здруженија“ која се одржа во Турција.

На настанот присуствуваа познати турски имиња, како и познати ѕвезди од регионот меѓу кои и Ханка Палдум, Елена Ристеска, Биг Мама, а некои од нив добија и награди.

 

„Ви благодарам од срце. Многу ми е драга оваа награда. Многу ми значи. Чест ми е што сум тука, на овој прекрасен фестивал „Rumeli Best of festival“ во оваа прекрасна земја Турција која е пријателка на мојата држава Македонија. Ви праќам бакнежи од мојата Македонија и моите Македонци. Ве сакам“, изјави Ристеска при примањето на наградата.

По примањето на наградата, Елена пред публиката ја отпеја нејзината еврвовизиска песна „Нинајна“.

Македонската пејачка  се сретна и со свои колеги, а во кусите приказни на „Инстаграм“ објави и неколку фотографии.  Taa објави заедничко селфи со турскиот музичар Серкан Чагри и познатата босанска пејачка Халка Палдум.

Тука е заедничкото селфи и со турската пејачка Хава Каракаш, актерката Филиз Ахмет, како и Биг Мама и Ханка Палдум. „Најубавиен жени на „Best of Rumeli“.

Дали со некој и колегите успеала да договори можеби и некоја соработка останува да видиме.

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави