Search

(Видео) Во втор мистериозен пожар, запалени неколку бродови во иранско бродоградилиште

Најмалку седум брода биле запалени во средата во пристаништето Бушехр во Персискиот Залив во Иран, во кое се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран, пренесува иранската новинска агенција „Тасним“.

Тоа беше втор пожар пријавен тој ден, со уште еден инцидент во фабрика за алуминиум во Ламерд во јужен Иран.

Нема повредени во пожарот во бродоградилиштето „Делвар“ во Бушер, но пожарникарите едвај успеале го стават пожарот под контрола, а густ чад го обвиткал градот. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, пренесува иранската новинска агенција „Фарс“.

Пожарот доаѓа неколку дена откако американски воен брод во Сан Диего беше уништен од експлозија и пожар, при што беа повредени 20 лица. Командантот на силите Кудс на Иранската револуционерна гарда, Есмаил Гана, коментираше: „Американците не треба да обвинуваат други, тоа е пожар што самите го подметнаа“.

Според иранската новинска агенција „Мехр“, пожарот во корпорацијата „Саут алуминиум“ во Ламерд бил предизвикан од протекување на нафта и предизвикал мала штета.

Инцидентите во Бушхер и Ламерд доаѓаат во време на серија необјаснети експлозии и катастрофи во Исламската Република, вклучително и пожарот на 2 јули што го оштети нуклеарниот објект „Натанз“ и експлозијата во воениот комплекс „Парчин“ една недела пред тоа.

Според извештајот во „Њујорк тајмс“, кој го цитира агент на блискоисточна разузнавачка служба, Израел стои зад експлозијата во Натанз. Официјален претставник рече дека бомбата предизвикала „значителна штета“ и ја вратила нуклеарната програма на Техеран со месеци наназад.

„Зграда користена за производство на центрифуги на нуклеарната локација Натанц беше разнесена со моќна бомба“, изјавил официјалниот претставник за весникот.

Еден прупадник на ИРГЦ исто така потврдил за весникот дека бил употребен експлозив. Тој ја отфрли можноста за компјутерски напади како причина. Сепак, неименуваниот официјален претставник рекол дека Израел не е одговорен за другите пожари во Иран.

Треба да знаете
Последни објави