Search

(Видео) ВАР му поништи атрактивен погодок со петица на Дембеле

Лошиот почеток на сезоната за францускиот фудбалски прволигаш Лион продолжува со трет кикс  во низа. Иако важеше за голем фаворит, поранешниот француски шампион ги разочара своите навивчи ремизирајќи со најнепопуларниот резултат (0-0) како домаќин против Олимпик Ним. 

Лион според прикажаното заслужи повеќе од бод. За тоа потребно му беше да ја затресе противничката мрежа. Тоа му успеа на Дембеле во 50. минута, но иако на мајсторски начин го стори тоа кога топката ја прати во гостинската мрежа во петица, голот не беше признат. Според ВАР топката ја минала гол-аут пред Какерет да го пронајде Дембеле.

 

https://streamable.com/erw2sw

Треба да знаете
Последни објави