Search

(Видео) Брус Спрингстин остро ја критикува Белата куќа поради слабиот одговор на полициското насилство

Американскиот музичар Брус Спрингстин ја искористи можноста во радиоемисијата „Сириус XM“, во која беше гостин диџеј, остро да го критикува одговорот на Белата куќа на полициското насилство и пандемијата на коронавирусот.

Седумдесетгодишната рок-sвезда изјави дека САД се во оган и хаос по, како што рече, слабиот и бесчувствителен одговор за починатите од Ковид-19 и расната неправда, објави „Варајети“.

Спрингстин, чии познати хитови се Born To Run и Dancing In The Dark, го почна шоуто со својата протестна песна American Skin.

Песната е за убиството на невооружениот црнец Амаду Дијало, кој беше убиен од четворица бели полицајци со 41 куршум.

Спрингстин овој пат песната ја посвети на Џорџ Флојд, невооружениот црнец, кој почина минатата недела за време на насилното полициско апсење и чија смрт предизвика протести во САД.

Треба да знаете
Последни објави