Search

(Видео) Азербејџан го нападна главниот град на регионот Нагорно Карабах

Воздухопловните сили на Азербејџан го нападнаа главниот град на регионот Нагорно Карабах, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Степанакерт е главен град на де факто независната држава Нагорно Карабах, во рамките на меѓународно признатиот Азербејџан. Има 40.000 жители, речиси сите Ерменци.

Ерменските и азербејџанските сили покажаа мала подготвеност да престанат со борбите откако избувнаа нови судири на 27 септември.

Повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и многу цивили, се убиени во тешки борби, вклучувајќи употреба на вооружени беспилотни летала, тенкови, хеликоптери и повеќе ракетни системи, долж поголемиот дел од линијата што ги одделува ерменските сили кои го контролираат Нагорно Карабах од азербејџанските трупи.

Во изјавата на 2 октомври, Министерството за надворешни работи во Ереван рече дека го поздравува претходниот заеднички повик на Франција, Русија и САД, копретседатели на таканаречената Минскa група на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), за итно прекинување на непријателствата меѓу силите кои се борат околу Нагорно Карабах.

Ерменија денес изјави дека е подготвена да учествува во мировните разговори бидејќи меѓународните лидери продолжуваат да повикуваат на итен прекин на борбите со азербејџанските сили.

Треба да знаете
Последни објави