Search

(Видео) Автомобил влета во група велосипедисти кај Кожани, двајца загинати

Автомобил влетал во група од шест велосипедисти на автопатот Птолемаис-Ардаса во близина на Кожани, соопшти во неделата локалниот сајт kozan.gr.

Возилото, со коешто управувала жена, под засега неутврдени околности влетал во групата велосипедисти малку по 13 часто по локално време. Притоа загинале двајца велосипедисти, а четворица се сериозно повредени. Тие се пренесени во локалната болница.

Едната жртва е 25-годишен српски државјанин, додека втората е од градот Воден, се наведува во извештајот. Засега не се наведуваат други поединости за трагедијата.

Треба да знаете
Последни објави