Search

Венецијанската комисија ја заврши посетата на Тирана, мислењето до 11 октомври

 Делегацијата на Венецијанската комисија со едночасовната средба со парламентарната анкетна комисија ја заврши дводневната посета на Тирана.
Шефот на делегацијата, Карло Туори, изјави дека во текот на двата дена средби прибрале многу информации и оти мислењето комисијата ќе го соопшти на 11 октомври.
– Прибрвме многу информации. Имаме една јасна идеја, дали претседателот на државата го прекршил или не Уставот. Сите средби беа продуктивни затоа што добивме многу информации за да изградиме мислење кое ќе го соопштиме на 11 октомври, кусо изјави Туори.
Претседателот на анкетната комисија, Улси Мања, рече дека разговарале околу начинот на третирање на прашањето.
-Разменивме мислења како да го третирме ова прашање од законски аспект, поаѓајќи од највисоките професионални и уставни начела и станарди, со цел востановување на правна парламентарна традиција,рече Мања.
Четиричлената делегација се сретна со албанскиот државен врв, со претставници на вонпарламентарната и парламентарната опозиција,со владеачките социјалисти, со министерот за внатрешни работи, со граѓанскиот сектор, како и со единствениот уставен судија
Треба да знаете
Последни објави