Search

Венбин: Нелегална е одлуката на Индија да го прогласи Ладак за федерална област

Одлуката на индиските власти територијата на регионот Ладак, што се наоѓа на задедничката граница со Кина,  да ја прогласат за федерална територија официјален Пекинг денеска ја оцени за незаконска, изјави на прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Според него, обвинувањата дека Кина гради воени бази и други објекти во планинската погранична област се „целосно невистинити и се мотивирани од други, скриени намери”.

-Кина не го признава таканаречениот регион Ладах, што е под контрола на централните индиски власти, рече Ванг,воедено изразувајќи протест за изградбата на нова инфраструктура од индиската страна на границата, бидејќи кинеските власти веруваат дека Индија има за цел да воспостави воена контрола на пограничната област.

Ванг додаде дека кинеските погранични трупи дејствуваат стриктно на нивната страна од границата и целосно се придржуваат до релевантните договори.

Минатиот месец високи воени претставници на двете земји постигнаа договор со кој се обврзаа да не го зголемуваат своето воено присуство на границата, но се чини дека тоа не ги намали тензиите.

Треба да знаете
Последни објави