Search

Буџетот за 2021 година е неодржлив, да се прифатат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ кои значат стимулирање на економијата

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во денешната дискусија на комисијата за финансирање и буџет посочи дека планираниот Буџет за 2021 година само дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата во државата, бидејќи како што рече истиот е неодржлив и креиран без концепт.

Ова не е Буџет што ќе ги исполни овие цели, туку напротив ова е Буџет што дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе ја втурне државата во уште поголема сиромаштија и безперспективност. Не развоен и креиран без концепт, нема јасна визија и е поставен на постулати кои се неодржливи. Креиран е стихијно, без одржлива стратегија која е насочена кон реален развој на економијата. За жал и пред да започне годината морам да констатирам дека вака структуираниот Буџет е првата лага за 2021 година, му порача Стојаноски на министерот за финансии Фатмир Бесими.

Стојаноски смета дека во новиот буџет за 2021 година се намалени средствата од износ од 93 милиони денар или дури 9.5 проценти помалку од минатата година.

За животната средина намалени се средства од износ од 93 милиони денари помалку односно 9,5% од првично планираниот буџет за 2020 година. Во програмата С за унапредување на животната средина намалени се 6,7% или 21 милион помалку, а во категоријата за аерозагадување има 20 милиони денари помалку. Земјоделците ќе се соочат со една од потешките години досега, намалени се доста средства од програмите на Министерстовто за земјоделие и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, вели тој.

Во однос на новите вработувања, Стојаноски истакна дека парите на граѓаните се трошат недомаќински и за вдомување на партиски активисти

Парите се трошат недомаќински за вдомување на партиски војници, за заситување на бизнис интереси,за купување гласови и за лично богатење. Тоа што недомаќински се трошат парите и што се стеснува фискалниот простор ни го намалува маневарот за здраствени мерки кои можат да спасат животи. На Македонија и е повеќе од потребен полициски час. Не е логично на 20 заболени дневно да имаме полициски час, а на илјадници не. Согласно експертите таквото делумно затворање би ја чинело Република Македонија 11 милиони евра месечно, рече тој и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во расправата и ќе поднесе  390 амандмани поделени во три групи.

ВМРО – ДПМНЕ како во ребалансот така и сега ќе учествува во оваа расправа за буџетот со цел и желба да помогне. Поднесовме 390 амандмани, а заедно со другите опозициони парламентарни партии имаме над 450. Во тие амандмани се водевме по три приоритети: заштита на здравјето на граѓаните, вистинско стиумулирање на економијата преку капитални инвестиции и заштита на населението преку спречување на аерозагадувањето и загадувањето на животната средина.

Секој од овие амандмани произлегува од комуникација со граѓаните и со стручната јавност и секој од овие амандмани преставува излез од здравствено – економската криза во која е западната Република Македонија.

Сметам дека е поприоритетно да набавиме 50 амбулантни возила за потребите на медицинскиот персонал, од тоа да потрошиме 1.000.000 денари за набавка на возила за Стево Пендаровски. Многу е поважно да ги направиме ПЦР тестовите бесплатни од колку да се вработат партиски војници во Министерството за надворешни работи или во министерството за транспорт и врски. Ајде охрабрете се и соберете сили за да обезбедиме средства низ амандмантската расправа за сите невработени медицински лица и тие веднаш да почнат со борбата со вирусот, порача Стојаноски.

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави