Search

Буфон треба стане тренер и да го предводи Јуве

Силвано Мартина, менаџерот на голманот на италјанскиот фудбалски шампион Јувентус, Џанлуиџи Буфон, се произнесе за иднината на неговиот клиент.

– Според мое мислење, тој треба да стане тренер. Го разбира фудбалот. Џанлуиџи има искуство во управувањето со која било улога во соблекувалната. Што се однесува до Јувентус, мислам дека тој би можел да го води овој клуб. Разликата меѓу него и другите голмани е во тоа што Буфон прави сè да биде лесно. Тој го има овој дар на природата. Многу е талентиран, рече Мартина.

За потсетување, сегашниот договор на 42-годишниот Италијанец со клубот од Торино истекува во летото 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави