Search

Бутел со резултатски пресврт ги освои бодовите во Кавадарци

Тиквеш не ја искорсити предноста на домашниот терен против  Бутел кој со пресврт стигна до нов триумф (22-25) трет во истотолку одиграни натпреаври од почетокот на сезоната во машката ракометна Супер-лигата – група Б. Натпреаврите од групата А се замрзнати на две недели поради појава на коронавирусот во редовите на тимот на КЛ7 и Радовиш.

Бутел ја имаше фаворитската улога, но таа ја оправда дури во вториот дел од натпреварот одигран во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Домаќиниот по првото полувреме имаше водство од 12-9. Во овој период ја имаа контролата над играта и резултатот. Во вториот дел улогите беа заменти. Бутел направи серија од 5-1 и поведе со 16-20. Од овој момент до самиот крај на натпреварот гостите целосно контролираа ситуацијата на теренот и не им дозволија на ракометарите на Тиквеш да направат пресврт.

За Бутел Скопје ова е трета победа, додека за кавадарчани трет пораз.

Медиќ, Јанчев и Симиќ беше ударното трио на Тиквеш, постигнаа по пет гола, а кај Бутел, Мајиќ  постигна 13 погодоци, а Ѓеоргиевски осумпати ја погоди мрежата на домаќинот.

Треба да знаете
Последни објави