Search

Букер го менува Лилард на „Ол стар” натпреварот

Лидерот на Феникс Санс, Девин Букер ќе го замени Демиан Лилард во претстојниот„Ол стар” натпревар. Тој беше именуван од комесарот на лигата, Адам Силвер.

Бекот на Портланд нема да настапи на спектаклот откако се здоби со повреда при поразот од Мемфис синоќа. После дуелот, плејмејкерот на Трејлблејзерс го препорача Букер како негов заменик.

Лилард, исто така, требаше да учествува на натпреварот за три поени, каде неговото место уште еднаш ќе го заземе Букер, кој триумфираше на турнирот во 2018 година.

Букер(23) е во својата 5-та сезона во Лигата, а оваа сезона има просек од 26,4 поени. Тој е првиот претставник на „сонцата” во натпреварот по Стив Неш од 2011-2012 година.

Шеесет и деветото издание на Натправрот на ѕвездите на НБА ќе се одржи во понеделник од 2 часот по полноќ по наше време во Чикаго и повторно ќе ги спротивстави едни против други екипите на Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.
Дуелот ќе биде во посебен формат во спомен на Коби Брајант, неговата ќерка Џана и останатите загинати во хеликоптерската несреќа кон крајот на јануари.

Треба да знаете
Последни објави