Search

Бројот на загинати лица од експлозијата во Бејрут се искачи на 154

Бројот на загинати лица во експлозијата на пристаништето во Бејрут се искачи на 154, соопшти либанскиот министер за здравство Хамад Хасан.

Хасан истакна дека   околу 5.000 лица побарале лекување во болница.

Во моментов 120 лица се во критична состојба. Либанските власти објавија дека експлозијата е предизвикана од пожар во складиште со 2.750 тони амониум нитрат , складирани таму од 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави