Search

Бронзен медал за Мила Рељиќ на Европскиот Президенс Г2 Куп

На меѓународен таеквондо натпревар Президенс Куп Г2 одржан во Хелсингборг, Шведска,   настапија и три натпреаврувачи од македонскиот клуб Тигри-Скопје, кои се вратија со освоен еден бронзен медал. На пиедесталот се качи Мила Рељиќ . Покрај медалистот Рељиќ која настапи во јуниорска  конкуренција до 68кг, учествуваат и Александра Крстиќ  (јуниорки – 52кг) и Виктор Петковски (кадети – 53кг.).

На Европскиот Президенс Г2 Куп  настапија 65 земји со 1500 натпреварувачи. Прво коло победа против Грција (9:1), второ коло против домаќините Шведска (12:6). Во полуфинале силите ги одмери со светската вице-шампионка, репрезентативката на Америка Алена Вијана, од која тесно изгубивме (1:5). Во текот на целата борба Мила рамноправно пркосеше на американката, првата рунда заврши нерешено, во втората само 0:2 водеше светската вице-шампионка. Европскиот Президент Куп е еден од најмасовните турнири во Европа и Светот, каде учествуваат многу натпреварувачи за кои се борат да влезат во првите 4 места за да можат да изборат норма за европските првенства. Ова е огромен успех по минатогодишните освоени 11 медали на меѓународни натпревари, меѓу кои и залатниот медал на Босна Опен Г1, натпревар и бронзен медал на Галеб Опен Г1. Мила Рељиќ минатата година беше пласирана на 5. место на Европското клупско првентсво во Солун каде загубивме само 0:4 од европската шампионка и 6. на Мултиевропските игри одржани во Софија, каде повторно се сретнавме во борбата за медал со европската шамоинка.
Треба да знаете
Последни објави