Search

Британските пратеници го обвинија Цукерберг и Фејсбук: Свесно ги лажеле корисниците

Британските пратеници го обвинија Фејсбук дека ги кршат законите за приватност на податоци и законите кои ја регулираат пазарната конкуренција, пишува Си-ен-ен.

Во својот извештај за дезинформации внатре ви социјалните медиуми, повикан е извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, наведувајќи дека поради неговата одлука да не се појави пред парламентот, искажал презир кон тој законодавен дом.

Британскиот одбор за дигитални, културни, мадиумски и спортски активности соопшти дека по многу прегледани интернет мејлови на вработените во Фејсбук, било заклучено дека врвот на оваа социјална мрежа намерно и свесно го прекршил законот за приватност на податоци и закони кои ја регулираат пазарната конкуренција.

Треба да знаете
Последни објави