За сите слави, родендени и разни свечености кои се погодуваат во посен период.
Состојки:
250g шеќер
1 шолја вода
250g мелени ореви
100g сечкани ореви
150g стопено посно чоколадо
100g сечкано суво грозје
100g сечкани желе бонбони
За глазура:
100g посно чоколадо
Подготовка:
Измешајте го шеќерот со шолја топла вода, додека не се стопи.
Додајте ги оревите, и сечкани и мелени, стопеното чоколадо, сувото грозје и желе бонбоните додека добро не се соедини смесата.
Ставете ја смесата во триаголник калапи и ладете неколку часа во фрижидер.
Извадете ја смесата од калапот, прелијте со чоколадо, оладете уште малку, па сечете на парчиња.