Search

Бредли и Ирина заедно ќе се грижат за детето

Руската манекенка Ирина Шајк (34) и американскиот актер Бредли Купер (45) конечно постигнале договор за старателство над заедничкото дете.

Според последните информации, преговорите биле завршени на почетокот од годината. Постојана адреса на моделот и на актерот ќе биде Њујорк и тие заедно ќе ја споделат целата грижа за детето.

Каде ќе биде Леа (2) ќе зависи од ангажманите и распоредот, со оглед на природата на нивниот бизнис. Ирина и Бредли многу бргу се согласиле и се договориле за деталите, а благосостојбата на нивната ќерка им е на прво место. Последниве денови Леа го поминува времето со својата мајка и честопати се видени како шетаат заедно на улиците на Њујорк.

Ирина и Бредли се разделија по четири години врска. Имаше многубројни нагаѓања за причината за нивниот прекин, а сè почна со сомневањето за неверство на актерот поради неговата блиска врска со пејачката и актерка Лејди Гага (33).

Треба да знаете
Последни објави