Search

Бред Пит ја одбил улогата на Нео во „Матрикс“

Иконската акциона улога на Кијану Ривс, Нео во „Матрикс“, претходно му била понудена на Бред Пит.

„Ја испив црвената пилула!“: Бред Пит откри дека ја одбил најпознатата улога на Кеану Ривс како Нео во блокбастер трилогијата „Матрикс“.

„Јас навистина верувам дека таа улога не беше за мене“ рече Бред во интервју на маргините на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара неделава.

„Не е моја. Ова е за некој друг,“ рече холивудскиот актер, пренесува часописот People („Пипл“).

„Ја вратив улогата. Ја испив црвената пилула,“ се пошегува тој, алудирајќи на пилулата во филмот што му овозможува на Нео (главниот протагонист) да излезе од илузорната матрица и да се соочи со реалниот свет.

„Матрикс“ се снимаше од март до август 1998, така да можеше да дојде до преклопување со филмот Fight Club во кој глуми Бред а кој почна да се снима на крајот на летото таа година.

Бред во средата ја доби наградата Maltin Modern Master Award и потоа продолжи да разговара со Малтин за својата кариера. Во еден момент од разговорот Малтин го натера Пит да открие дали имало улога или улоги кои не ги прифатил.

 

 

Треба да знаете
Последни објави