Search

Бразилска одбојкарка заработува 50 пати повеќе од фотографии на интернет отколку од спортот

Бразилската одбојкарка Кејла Алвес Рамаљо, попозната како Ки Алвес, е голема ѕвезда на социјалните мрежи. Таа има 2,3 милиона следачи на „Инстаграм“, а неодамна откри дека нејзините најголеми приходи доаѓаат од социјалните мрежи и од OnlyFans, каде што споделува свои фотографии и видеа.

„Сакала или не, тоа ми носи најмногу пари. Се сметам за спортистка, манекенка, инфлуенсерка, деловна жена и претприемач“, вели Кејла во интервју за „О Глобо“.

„На дигиталните платформи заработувам речиси 50 пати повеќе отколку од одбојката. Уште повеќе на OnlyFans бидејќи месечната претплата од 16 евра е фиксна“, рече таа.

 

Треба да знаете
Последни објави