Search

Бостон без Вокер влегува во новата сезона во НБА лигата

Екипата на Бостон селтикс ќе влезе во новата сезона во НБА лигата, која почнува на 22 декември, без стандардниот бек Кемба Вокер поради повреда на коленото на левата нога.

Триесетгодишниот Вокер започна со терапија на лекување на повреденото колено со инекции уште во октомври, но се уште е вон тренажен процес и неговото враќање на паркетот се очекува на почетокот на 2021 година.

Бостон минатата сезона стигна до финалето на Источната конференција, а Вокер на натпреварите од плејофот во „балнот” во Орландо имаше просек од 19,6 поени.

Треба да знаете
Последни објави