Search

Борис Џонсон го зајакна водството за лидер на британските конзервативци

Борис Џонсон го зголеми своето водство по третиот круг гласање на конзервативните пратеници за наследник на Тереза Мај како лидер на партијата.

Секретарот за меѓународен развој, Рори Стјуарт, за кој многумина сметаа дека е најблиску до центарот и најпрогресивен од петтемина кандидати, испадна од трката со само 27 гласа од 313 пратеници.

Евросептикот Џонсон го зголеми бројот на гласови на 143, од 126 колку што имаше во вториот круг.

Во следниот круг гласање влегуваат и Џереми Хант со 54 гласови, Мајкл Гоув со 51 и Саџид Џавид со 38 гласови.

Треба да знаете
Последни објави