Search

Бон Џови дели бесплатни оброци за државните службеници што останаа без плата

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада.

На официјалната страница на ресторанот „ЏБЏ Соул Кичн”, се наведува дека службениците и нивните семејства ќе можат да добијат оброк денеска меѓу 12:00 и 14:00 часот по локално време.

И другите гости ќе имаат можност да придонесат со свои доброволни прилози и волонтирање.

Ресторанот е отворен 2011 година.

Треба да знаете
Последни објави