Search

Боки и одговори на Рускоска: Девијантно алкохолозирано обвининие

Бојан Јовановски во воведните зборови од рочиштето за „Рекет 2“ рече дека долго размислувал дали да дава одбрана во предметот, бидејќи смета дека веќе е донесена одлуката.

-Својата одбрана ќе ја дадам во два дела. Во наративен дел и со презентација. Долго размислував дали да дадам своја одбрана, бидејќи искуството што го стекнав во овој суд, јас може да зборам до утре сабајле, онака како што е решено од сабајле така и ќе биде. И да се превртиме наопачки и на глава, обвиниенето е веќе донесено, и така ќе биде на крајот. Мојот татко кој исто така е обвинет во овој случај ништо не знаел што се случува и работи во „Меѓународен сојуз”, ниту бил на состаноци, ниту пак на средби со Мицевски и Азмовски, рече Јовановски.

Претходно Боки и возврати на Рускоска, која во воведните зборови рече „такви лаги за оваа организација може да смисли само девијантен и криминален ум“, кој му замери на Судот што не ја прекинал обвинителката кога ги кажала тие зборови

-За обвиниението можам да кажам- девијатно алкохолизирано обвиниение, рече Боки, по што веднаш доби опомена од судијката.

Треба да знаете
Последни објави