Search

Боб Дилан за прв пат на врвот на Билбордовата листа

Боб Дилан е првиот рокер кој ја доби Нобеловата награда за литература, но тој никогаш досега не постигнал еден од успесите што ги имаат постигнато многумина пред него, а тоа е сопствеништво на хит бр. 1 на Билбордовата топ-листа.

Но, тоа се смени сега, и тоа по малку неочекувано со песната „Murder Most Foul“, која трае 17 минути и зборува за атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди, а која за неколку дена стана најпродаваниот дигитален рок-сингл. Верувале или не, Дилан под свое име никогаш не постигнал такво нешто.

Дилан ја објави песната на 27 март, а до 2 април е преземена 10.000 пати. Ова е прва авторска песна на Дилан што ја има издадено по албумот „Tempest“ во 2012 година.

Треба да знаете
Последни објави