Search

Битолчани сепак ќе гледаат елитен ракомет дома

Македонскиот  ракометен дебитант во регионалната СЕХА-лига и Лигата на шампионите, Еурофарм Работник во двете  натпреварувања ќе настапува во Битола, во салата „Боро Чурлевски“, која интезивно се реновира за да ги исполни бараните услови. Еурофарм веќе ги пушта во продажба и претплатните влезници за новата сезона, со што потврдува дека на своите навивачи ќе им овозможи да гледаат елитен ракомет на домашен терен.

Еурофарм за новата ракометна сезона 2019/20 година воведува онлјан продажба на билети за натпреварите во ЛШ, СЕХА лигата и македонската Супер лига. Онлајн можата да се набават блок-билети за полусезоната за сите натпревари од ЛШ и СЕХА лигата по цена од 1.850 денари. Само за мечевите од ЛШ полусезонскиот билет до 31.12. 2019 година, чини 1.000 деанри. По оваа цена се продава и билетот за мечевите во СЕХА-лигата. Единечната карта за секој натпревар посебно ќе чини 250 денари.

Новина е и тоа што влезниците се нумерирани и секој ќе може да си го одбере совето место на трибината во салата. Онлајн продажбата почнува денеска од 15 часот, се вели меѓу другото во соопштението од битолскиот ракометен лигаш Еурофарм.

Треба да знаете
Последни објави