Search

Биди астронаут на еден ден и направи селфи од вселената 

SpaceSelfie мисијата е најновиот технолошки потфат на компанијата Samsung

 Компанијата Samsung Electronics најави смела, несекојдневна мисија – лансирање на Galaxy S10 5G паметниот телефон во стратосферата на околу 20.000 метри над површината на планетата Земја, овозможувајќи им на корисниците да имаат сопствена фотографија од вселената.

Глумицата, моделот и филантроп Кара Делавињ, како официјално лице на „SpaceSelfie“ мисијата, предводена од Samsung и воздухопловната компанија – Flightline Films, ја најави оваа несекојдневна кампања на својот Instagram профил. Неочекуваниот гостин – Samsung астронаутот на Кара ѝ донесе Galaxy S10 5G, со кој популарната глумица ќе го направи првото „вселенско“ селфи на светот.

– Отсекогаш сум била воодушевена од можноста за патување во вселената и со нетрпение чекам да ја водам оваа мисија и да станам првата личност која ќе го прати своето селфи надвор од планетата Земја. Веќе планирам на кој начин ќе ја направам оваа епохална фотографија и се радувам на фактот да видам како моите фанови ќе одговорат на овој предизвик, рече Делавињ.

– За да ги прославиме сите досегашни достигнувања во светот на технологијата, одлучивме сликањето на селфи да го подигнеме на поголемо ниво. До денес, само астронаутите биле во можност да се фотографираат во вселената, а сега таа можност ќе ја имаат и сите наши корисници, дури и физички ако не се таму, рече Бенџамин Браун, директор на маркетинг за Samsung Europe.

Samsung Galaxy S10 5G е исклучително издржлив телефон, способен да им се спротивстави на најсуровите услови и атмосферскиот притисок кој владее во вселената, без потреба за изолација и дополнителна заштита. Од опцијата за безжично споделување на енергија, па сѐ до паметната Wi-Fi поврзаност и перформансите надградени со вештачка интелигенција, S10 5G е еден од најпаметните и најиздржливи Samsung уреди.

Заинтересираните корисници ќе можат да учествуваат во „SpaceSelfie“ мисијата поставувајќи ја својата фотографија на веб страната: https://samsung-spaceselfie.com/mk/mk/. Фотографиите кои ќе бидат случајно избрани ќе бидат прикажани на Galaxy S10 5G екранот и ќе бидат фотографирани со уникатниот поглед на планетата Земја во позадина. Фотографијата потоа ќе биде вратена назад на Земјата и подготвена за споделување на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави