Search

Бесплатен влез во музеите на Ватикан за здравствените работници

Здравствените работници во Италија ќе можат бесплатно да влезат во музите на Ватикан во знак на благодарност за нивните напори во борбата против Ковид-19, соопшти Светиот Престол.

Оваа понуда за обиколка на музеите, која ја вклучува и славната Сикстинска капела, ќе биде на сила од 8 до 13 јуни.

Лекарите, медицинските сестри и други здравствени работници исто така ќе можат бесплатно да ја видат летната резиденција на папата во Кастел Гандолф за време на претстојниот викенд и на 13 и 14 јуни.

Здравствените работници можат со себе да доведат едно лице, кое исто така ќе добие бесплатен билет.

Вообичаено, влезницата за музеите на Ватикан чини 17 евра, а за Кастел Гандолф, кој се наоѓа 30 километри југоисточно од Рим, цената е 11 евра.

Музетите повторно се отворени за посетители од 1 јуни, по тримесечен карантин во земјата поради коронавирусот.

Италија е една од земјите кои беа најмногу погодени од пандемијата. Досега таму починаа вкупно 33.500 луѓе, а заразени се 233.500.

Треба да знаете
Последни објави