Search

Берге: Постигнувањето брзи голови добро ни оди

Полуфиналната пресметка на 14. Европско ракометно првенство за мажи, која денеска (18 ч.) во Стокхолм ќе ја одиграат Норвешка и Хрватска многумина ја сметата финале пред финалето. Норвешка е единствената селекција која со седум победи стигна до овој дуел. Има најдобар резултатски скор, но и според прикажаната игра важи за фаворит. Хрватска има едно реми во седумте настапи од двете групни фази.

-Против  Хрватска е секогаш тешко да се игра. Така ќе биде и вечерва. Секој натпревар е најважен, ќе се бориме за секоја топка и се надевам тоа на крајот ќе пресуди. Хрватска ме импресионира одбраната 5-1, многу екипи имаат проблеми, а тоа може да биде клучно на овој натпревар. Не ја одбравме Хрватска за во полуфиналето. Се договоривме да играме на победа со Словенија. Нашите играчи се здрави, а противничките имаат мали проблеми со повреди. Сакаме да одиме на Олимписките игри, но сè уште е рано да зборуваме за тоа. Бевме најдобри во постигнувањето на брзи голови, тоа ни одеше добро. Очекуваме победа и пласман во финалето – порача пред вечерашниот дуел Кристијан Берге, селекторот на Норвешка.

Треба да знаете
Последни објави