Search

Белгија доби влада по 493 дена од парламентарните избори

Белгија денеска конечно доби влада по 493 дена од парламентарните избори одржани во мај минатата година, предводена од фламанскиот либерал Александар Де Кро. Седум партии склучија договор за новата влада, во која ќе бидат вклучени две социјалистички партии, две либерални и две зелени партии (една фламанска и една франкофонска) и фламанските демохристијани.

Останува да се договорат имињата на 14 членови на владата. Новата коалиција во Белгија е наречена „коалиција Вивалди“ затоа што боите на собраните партии одговараат на боите на четирите сезони, а според името на циклусот на италијанскиот барокен композитор Антонио Вивалди.

Новиот премиер Александар Де Кро утре ќе одржи инаугуративно обраќање пред членовите на белгискиот парламент. Состанокот ќе се одржи исклучително во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, бидејќи во белгискиот парламент нема доволно простор за сите членови доколку треба да се почитува социјалното растојание поради ковид-19. Тоа ќе биде првпат во историјата национален парламент да заседава во Европскиот парламент.

Белгија ќе ја претставува новиот премиер на самитот на ЕУ, што започнува во утре попладне.

Од декември 2018 година, со Белгија управува малцинска влада откако најсилната фламанска партија, Новиот фламански сојуз (НВА), ја напушти коалициската влада на Шарл Мишел. Тогаш беше одлучено да не се оди на предвремени избори, туку да се чека на редовните, кои што се одржаа во мај 2019 година заедно со изборите за Европскиот парламент.

Од мај 2019 година до денес, се одржуваа преговори за состав на новата влада, а со земјата секогаш владееше малцинска влада, додека премиерот Шарл Мишел, кој беше избран за претседател на Европскиот совет, беше заменет со Софи Вилмс од франкофонската Либералната партија.

Надвор од владејачката коалиција, останува најсилната партија во Фландрија, НВА, која заговара што е можно помалку моќ за белгиската централна влада и што повеќе моќ за белгиските региони. Со секои нови избори, фламанските партии бараат уште поголема автономија за Фландрија, регион на северот на земјата каде што живеат околу 60 проценти од вкупното белгиско население. Франкофонското население во јужниот регион Валонија, посиромашно од Фландрија, се спротивставува на распадот на Белгија.

Оние кои добро ја познаваат ситуацијата велат дека Белгија сè уште ја држи заедно само Брисел, кој што се наоѓа во рамките на Фландрија, но во кој над 80 проценти од населението е франкофонско.

Белгија е јазично и етнички поделена земја каде обично треба долго време да се формираат коалиции. Белгија го држи и светскиот рекорд по должината на преговорите за формирање влада. По изборите во 2010 година беа потребни 541 ден за да се договори новата влада.

Треба да знаете
Последни објави