Search

Баерн Минхен победи во германскиот Суперкуп

Баерн Минхен вечерва придодаде нов трофеј во својата богата ризница. Актуелниот европски, германски првак го освои и националниот Суперкуп совладувајќи ја Борусија Дортмунд со 3:2. За Баварците ова е осма  титула во Суперкупот, а веднаш зад нив е Борусија Дортмунд со освоени шест.

Суперкупот е натпревар во кој победникот од лигата и победникот од Купот се среќаваат на почетокот на сезоната, но бидејќи Баерн ги освои двата трофеи минатата година, тие играа со второпласираната екипа во Бундеслигата, Борусија Дортмунд.

Баерн почна жестоко и дојде до водство преку Толисо во 18. минута по одличниот контранапад. Милер зголеми на 2:0, кој убаво погоди со глава по центаршутот на Дејвис.

Борусија не се предаде. Стаса до израмнување  (2:2) со погодоците на Брант и  Халанд.

Баварците во финишот од натпреварот со сите сили тргнаа по нов погодок, а еден од опасните напади во победнички погодок го претвори Кимих.

Треба да знаете
Последни објави