Search

Ахмети: Предвремени избори не се решение за излез од политичката криза

Ахмети: Предвремени избори не се решение за излез од политичката криза

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешниот прием по повод поканата од НАТО за почеток на пристапни преговори на Македонија во алијансата изјави дека предвремени парламентарни избори не се решение за моменталната политичка состојба во државата, каде во моментов опозицијата жестоко се спротивставува на барањето на Владата членовите на ДИК да се бираат со апсолутно мнозинство, наместо со двотретинско.

Според него, сите политички сили треба да изнајдат енергија за да ги доближат  ставовите за целите кои се јавно познати, а се за реализација на договорот со Грција, е ставот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На приемот, покрај Ахмети, присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери, владини и партиски функционери на ДУИ, амбасадори, поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Сулејман Хаџи Реџепи.

Треба да знаете
Последни објави