Search

„Ауди“ нема да произведува одредени спортски модели, инвестира 14 милијарди евра во е-возила

„Ауди“ го прекинува производство на спортските модели TT i R8, како дел од планираните 14 милијарди долари инвестиции во електрични возила, најави вчера извршниот директор на германскиот автомобилски гигант, Брам Шот на состанокот на акционерите.

Компанијата веќе го прекина производството на третина модели со комбинација на мотори и системи за пренос.
Подружницата на „Фолкваген“ за луксузни автомобили минатата година и во првиот квартал на 2019 забележа пад на приходите, на добивката и бројот на продадени автомобили.

Сепак, Шот го најави новиот луксузен модел на успешниот A8.
До 2025 година „Ауди“ планира на пазарот да има вкупно 10 хибридни и 20 целосно електрични модели. Целта е да ја преземе водечката улога во промените во сегментот на поскапи автомобили.

„Ауди“ заостанува зад конкурентите во транзиција кон електрични возила.

Во меѓувреме, најавија хибридни верзии на познатите модели на класичните  A6, A7 и A8.

Треба да знаете
Последни објави