Search

Арсовски: Кога ЈО ќе отвори случај за сведоштвото на благајничката од Националната агенција?

Како што можете да забележите огромна е ароганцијата и дрскоста кај функционерите на СДСМ.

Покрај ароганцијата и дрскоста, Лидија Димова и Љупчо Николовски прават театар пред граѓаните, преку медиумите со кој ги замајуваат граѓаните неколку денови, дали треба да си даде оставка Лидија Димова од директор на агенцијата или не треба да си даде.

Сето ова се прави медиумски за да се дефокусира јавноста од криминалот кој што се случувал во агенцијата.

Имаме јавно сведоштво од благајник кој работел во Националната агенција дека фалат 20.000 евра, односно нема покритие за таа сума на пари, кои се подигнати од благајната на Националната агенција со факсимил на Лидија Димова.

За ова сеуште нема отворено никој случај, се уште не е влезено Јавното обвинителство, се уште државниот завод за ревизија нема влезено да направи ревизија на работењето и најважното, се уште Лидија Димова е на функцијата директор на Националната агенција.

Уште колку пари треба да фалат во благајната за да си даде оставка Лидија Димова?

Се уште Лидија Димова не го објавува рангирањето на проектите, односно бодувањето на проектите, кој проект колку бодови имал на рангирањето во Агенцијата. Тука вклучително говориме за оние проекти на фризерницата која што доби над 270.000 евра.

Се уште братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски не го објавува јавно финалниот извештај кој што го побаравме и ние и граѓаните, да го објави од проектите за магариња и сирење, на кој начин и каде завршиле над 200.000 евра.

Лидија Димова е влезена во скандали за кои што слушаме само последнава недела, во висина од над 600.000 евра, а Заев се уште плаши да ја смени.

Зошто се плаши Зоран Заев да ја смени Лидија Димова од позицијата директор на Националната агенција?

Дали парите од дел од проектите завршувале кај блиски луѓе од СДСМ наменети за предизборната кампања на СДСМ?

Ова се прашањата на кои треба да одговорат од Владата, СДСМ, но и од Јавното обвинителство доколку се разбуди од зимскиот сон.

До тогаш, Лидија Димова воопшто да не чека, да не прави театар низ медиумите со Љупчо Николовски, туку веднаш да си даде оставка од позицијата директор на Националната агенција.

 

Треба да знаете
Последни објави