Search

Арсовски: Зошто сѐ уште не е викнат на распит синот на Јанева?

Истрагата за случајот „Рекет“ се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој праша зошто сѐ уште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев.

„Зошто сè уште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг?“, рече Арсовски.

Тој праша и до каде е истрагата за Кики и Фрики, како и дали е вистина дека тие имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев.

Арсовски додаде дека премиерот Зоран Заев и СДСМ нема да успеат да го прикријат случајот „Рекет“ и да го затворат по свое сценарио. Напротив, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, сите инволвирани мора да одговараат за рекетирањето.

Треба да знаете
Последни објави