Search

Арсовски: Зеќири е назначен за генерален секретар на Владата врз основа на неговиот беграунд

Одлуката Мухамед Зеќири да биде назначен за нов генерален секретар на Владата е донесена врз основа на она што го има постигнато во неговата професионална кариера, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

– Се зема беграундот и она што Мухамед Зеќири го има постигнато во неговата професионална кариера и врз основа на тоа е донесена одлуката на предлог на премиерот, рече Арсовски, прашан дали има судир на интереси во назначувањето на Зеќири со оглед на тоа дека се кумови со премиерот.

Владата вчера на седница донесе повеќе кадровски решенија меѓу кои и назначувањето на Зеќири за нов генерален секретар на Владата по разрешувањето на досегашниот генерален секретар Драги Рашковски.

Треба да знаете
Последни објави