Search

Арсенал со две победи во новата сезона, совладан и Вест Хем

Арсенал со две победи на стартот на сезоната ќе му гостува на актуелниот првак Ливерпул во следното коло од Премиер – лигата. „Топчиите“ славеа на домашен терен против Вест Хем со 2-1 и им се придружија на Евертон и на Кристал Палас на врвот.

Тимот на Микел Артета имаше силен отпор од Вест Хем, но на крајот сепак успеа да го скрши отпорот на „чеканите“.

Александре Лаказет во 25.минута постигна убав гол со глава по нафрлувањето на Обамејанг. Но, Вест Хем израмни пред одморот, со погодокот на Микаел Антонио во 45.минута.

Артета направи вистинска замена, во игра во уфрли младиот Едвард Нкетија, кој во 86.минута на асистенција на Дани Себаљос го постигна победничкиот гол за Арсенал.

Треба да знаете
Последни објави