Search

Арнолд Шварценегер стана дедо

Глумецот Арнолд Шварценегер стана дедо. Неговата ќерка Кетрин Шварценегер и нејзиниот сопруг актерот Крис Прат го добија првото дете, пренесува Дејли мејл.

Веста ја потврди синот на Шварценегер, Патрик.

„Супер се, само што ѝ купив мал подарок“, рекол Патрик додека му честитале што станал вујко.

Тој го покажал и подарокот што го купил, со розева лента, поради што многумина почнаа да претпоставуваат дека станува збор за девојче, иако досега не е потврдено.

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, како и братот и сестрата на Кетрин исто така го посетиле домот на Кетрин и на Крис, иако сè уште не се огласија.

Треба да знаете
Последни објави